Нови сертификати за „Алкалоид“

Bez autora
May 16 2012

„Алкалоид“ уште еднаш се потврди како производител на квалитетни, ефикасни и безбедни лекови по европски стандарди, и како компанија со проверени системи на корпоративно управување и заштита на животната средина, што се едни од главните определби на ова фармацевтска куќа. Јавната агенција за лекови и медицински помагала на Словенија, по инспекцијата на погонот за производство на течни фармацевтски форми во ПЦ Фармација, на „Алкалоид“ АД Скопје му го обнови сертификатот за добра производствена практика (ГМП), дефинирани во Директивите на Европската унија. Како дел од првите сертификати во земјава, „Алкалоид“ АД Скопје се здоби и со корпоративниот сертификатот за квалитет и животна средина ИСО 9001 и 14001, како и ИСО 13485 за медицинските помагала и ХАЦЦП за безбедна храна која ја додели реномираната сертификациска куќа „Quality Austria“.

Нови сертификати за „Алкалоид“„Алкалоид“ уште еднаш се потврди како производител на квалитетни, ефикасни и безбедни лекови по европски стандарди, и како компанија со проверени системи на корпоративно управување и заштита на животната средина, што се едни од главните определби на ова фармацевтска куќа.

Јавната агенција за лекови и медицински помагала на Словенија, по инспекцијата на погонот за производство на течни фармацевтски форми во ПЦ Фармација, на „Алкалоид“ АД Скопје му го обнови сертификатот за добра производствена практика (ГМП), дефинирани во Директивите на Европската унија. Како дел од првите сертификати во земјава, „Алкалоид“ АД Скопје се здоби и со корпоративниот сертификатот за квалитет и животна средина ИСО 9001 и 14001, како и ИСО 13485 за медицинските помагала и ХАЦЦП за безбедна храна која ја додели реномираната сертификациска куќа „Quality Austria“.

„Високиот квалитет потврден од високите законодавни авторитети, примената на најсовремените производствени технологии и деловни стандарди останува да биде една од главните одлики и врвни приоритети на компанијата. Производство на квалитетни, ефикасни и безбедни лекови, за кои заштитниот знак на ’Алкалоид’ АД е синоним за високото ниво на сигурност како и хуманата програмско-производна определба насочена првенствено кон крајните корисници се начелата според кои се водиме во секојдневното работење во Профитниот центар Фармација“, вели Милкица Глигорова, директор на Производниот сегмент Фармација на „Алкалоид“ АД Скопје и член на Управниот одбор на компанијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik